Процес на порачка TLS/SSL

Начин на аплицирање за TLS/SSL сертификат:

  1. Одберете тип на сертификат во делот SSL и Code Signing Сертификат

  2. Пополнете ја порачката со латинични букви, со внес на податоците на правниот субјект од тековна состојба, додадете (CSR датотека), која содржи јавен клуч. Упатство за креирање можете да погледнете тука.

  3. Кликнете на копчето: „Аплицирај“ по што е потребно генерираните документи во .Pdf формат да ги отпечатите.

  4. Одберете опција за плаќање:

    • OnLine плаќање со платежна картичка;
    • Готовинско плаќање на ПОС Терминал во канцеларијата на Издавачот или
    • Вирманско плаќање со налог во банка, про-фактура добивате по направената порачка
  5. По генерирање на порачката, истата треба да се отпечати и да се потпише од страна на овластеното лице на компанија за кој се однесува SSL сертификатот. Порачката се доставува во КИБС.

  6. Рокот на поднесување на документи е 30 календарски дена од денот на е-поднесување на порачката за сертификат.

  7. Дополнително на helpdesk@kibstrust.com се праќаат следните податоци:

Company name - со латинични букви точно како што е внесено во трговскиот регистар на ЦР

Address - адреса на компанијата како улица и број, поштенски број и град

Approver name - име и презиме на лице вработено во компанијата кое ќе биде контактирано на телефон за да ги потврди податоците за бараниот сертификат (име на компанија, име на поддомен за кој се бара сертификат)

Approver Phone – телефонски број на кој ќе биде контактирано лицето. Бројот да биде јавно објавен на сајтот на УЈП, ЦРСМ, D&B или Yellow pages, ажуриран и достапен за контакт;

Validation email – една од следните 5 адреси: admin@domainname; administrator@domainname; postmaster@domainname; webmaster@domainname; webmaster@domainname.

Важно: Името на компанијата во CSR file-от и сите горе наведени податоци за идентификација на компанијата потребно е да бидат внесени идентично како во трговскиот регистар на ЦР.

Податоците за компанијата која купува SSL сертификат треба да се јавно достапни и да се пребаруваат on-line на веб страните на УЈП, ЦРСМ, D&B или Yellow pages. Податоците треба да се ажурирани и точни за да може Издавачот да ги провери и да ги направи чекорите за верификација пред да се издаде SSL сертификатот.

Начин на издавање на TLS/SSL сертификат

  1. Откако ќе бидат завршени чекорите за телефонска валидација и валидација на домен, сертификатот го праќаме во е-порака на наведениот технички и организациски контакт.
  2. По инсталирање на сертификатот на серверот направете проверка на упешно импортиран сертификат преку алатката Installation checker.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.