Процес на порачка

Сертификат за физичко лице VerbaSign

Начин на аплицирање

  1. Изберете тип на сертификат Табела за примена на е-потпис

  2. Пополнување на порачка, во полињата име, презиме се внесуваат податоци со латинични букви како од документот за лична идентификација на носителот на сертификато

  3. Се избира „Генерирај порачка“ по што генерираните документи во .Pdf формат се печатат.

  4. Се одбира начин за плаќање:

    • OnLine плаќање со платежна картичка;
    • Готовинско плаќање на ПОС Терминал во канцеларијата на Издавачот или
    • Вирманско плаќање со налог во банка, про-фактура добивате по направената порачка
  5. По генерирање на порачката, носителот на сертификат добива е-порака во која се наведени документите кои треба  да ги поднесе во Регистрационата канцеларија на КИБС (РК) или кај нашите Застапници

  6. Рокот на поднесување на документи е 30 календарски дена од денот на е-поднесување на порачката за сертификат.

Начин на потврдување на идентитет:

Идентитетот на физичкото лице на кое се издава квалификуван сертификат се потврдува на еден од следниве начини:

  1. Со лично присуство на носителот на сертификат во РК/Застапник на КИБС, каде што:

    • приложува документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
    • го потпишува образецот "Порачка и договор" пред службеникот;
  2. Доколку носителот не е во можност лично да дојде во РК/Застапник на КИБС, тој / таа лично мора да оди кај нотар и пред нотарот да го потпише документот ,,Пoрачка и договор” за кој нотарот прави нотарска заверка.

Потоа, целокупната документација може:

Начин на издавање на сертификат

VerbaSign Adv

  • Барањето се одобрува веднаш по доставувањето на целокупната документација во РК/Застапник на КИБС од страна на овластен службеник.
  • Носителот на сертификат во е-порака добива насоки за инсталација на сертификатот на дискот од компјутерот.

VerbaSign PKI Token

  • Постапката на издавање и преземање на сертификат во токен, се врши во РК/Застапник на КИБС веднаш по одобрување на сертификатот од страна на овластен службеник и се предава лично на носителот на сертификат или на ополномоштеното лице.
  • Носителот на сертификат во е-порака добива насоки за инсталација на драјвер и кориснички пин за пристап до сертификатот во токенот.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.