Процес на порачка

Сертификат за физичко лице овластено од правното лице VerbaSign Pro

Начин на аплицирање

  1. Изберете тип на сертификат Табела за примена на е-потпис

  2. Пополнување на порачка, во полињата име, презиме се внесуваат податоци со латинични букви како од документот за лична идентификација на носителот на сертификатот.

  3. Во податоци за идентификација на правното лице се внесувата податоци на компанијата како во Тековна состојба.

  4. Се избира „Генерирај порачка“ по што генерираните документи во .Pdf формат се печатат

  5. Се одбира опција за плаќање:

    • OnLine плаќање со платежна картичка;
    • Готовинско плаќање на ПОС Терминал во канцеларијата на Издавачот или
    • Вирманско плаќање со налог во банка, про-фактура добивате по направената порачка 
  6. По генерирање на порачката, носителот на сертификат добива е-порака во која се наведени документите кои треба  да ги поднесе во Регистрационата канцеларија на КИБС (РК) или кај нашите Застапници.

  7. Рокот на поднесување на документи е 30 календарски дена од денот на е-поднесување на порачката за сертификат.

Начин на потврдување на идентитет:

Идентитетот на физичкото лице на кое се издава квалификуван сертификат и на управителот на правното лице се потврдува на еден од следниве начини:

  1. Со лично присуство на носителот на сертификат и управителот на правното лице во РК/Застапник на КИБС, каде што:

    • Приложуваат документ за лична идентификација (лична карта или пасош) ;
    • Го потпишуваат образецот "Порачка и договор" пред службеникот;
  2. Доколку носителот не е во можност лично да дојде во РК/Застапник на КИБС, тој / таа мора лично да оди кај нотар и пред нотарот да го потпише документот ,,Пoрачка и договор” за кој нотарот ќе направи нотарска заверка.

  3. Доколку управителот не е во можност лично да дојде во РК/Застапник на КИБС, тогаш за тој/таа:

    • Се приложува нотарски заверена копија од ЗП образец, или
    • Се приложува нотарски заверена ,,Пoрачка и договор” на која фигурира дека управителот лично пред нотар ја потпишал документацијатата.

Начин на издавање на сертификат

Verba SignPro Adv

        • Барањето се одобрува веднаш по доставувањето на целокупната документација во РК/Застапник на КИБС од страна на овластен службеник.
        • Носителот на сертификат во е-порака добива насоки за инсталација на сертификатот на дискот од компјутерот.

Verba SignPro PKI Token

      • Постапката на издавање и преземање на сертификат во токен, се врши во РК/Застапник на КИБС веднаш по одобрување на сертификатот од страна на овластен службеник и се предава лично на носителот на сертификат или на ополномоштеното лице.
      • Носителот на сертификат во е-порака добива насоки за инсталација на драјвер и кориснички пин за пристап до сертификатот во токенот.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.