Процес на порачка

Начин на аплицирање за е-печат VerbaSeal

  1. Изберете тип на сертификат Детален опис за е-печат

  2. Пополнување на порачка, во полињата краток и полн назив на правното лице, организационен оддел се внесуваат податоци со латинични букви како во Тековна состојба.

    За VerbaSeal HSM треба да се upload-ира csr фајлот кој е генериран на HSM уредот, а во порачката се внесува модел на HSM уред, кој е Common Criteria сертифициран.

  3. Се избира „Генерирај порачка“ по што генерираните документи во .Pdf формат се печатат.

  4. Се одбира начин за плаќање:

    • OnLine плаќање со платежна картичка;
    • Готовинско плаќање на ПОС Терминал во канцеларијата на Издавачот или
    • Вирманско плаќање со налог во банка, про-фактура добивате по направената порачка
  5. По генерирање на порачката, на меилот на правното лице се праќа е-порака во која се наведени документите кои треба да се поднесат во Регистрационата канцеларија на КИБС.

  6. Рокот на поднесување на документи е 30 календарски дена од денот на е-поднесување на порачката за сертификат.

Начин на потврдување на идентитет:

Идентитетот на управителот на правното лице на кое се издава електронски печат се потврдува на еден од следниве начини:

  • Со приложување на нотарски заверена копија на ЗП образец;

  • Со лично присуство на управителот во Рeгистрационата канцеларија на КИБС, каде што:

    • приложуваат документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
    • го потпишува образецот "Порачка и договор" пред службеникот РК, или
  • Доколку управителот не е во можност лично да дојде во КИБС, тој/таа лично мора да оди кај нотар и пред нотарот да го потпише документот ,,Пoрачка и договор” за кој нотарот прави нотарска заверка.

Потоа, целокупната документација може:

Начин на издавање на сертификат

VerbaSeal Adv

  • Барањето се одобрува веднаш по доставувањето на целокупната документација во РК на КИБС од страна на овластен службеник.
  • Техничкиот контакт во е-порака добива насоки за инсталација на сертификатот на дискот од компјутерот.

VerbaSeal PKI Token

  • Постапката на издавање и преземање на сертификат за е-печат во токен, се врши во РК веднаш по доставувањето на целокупната документација и одобрување на сертификатот од страна на овластен службеник и се предава лично на управителот, техничкото лице или на ополномоштеното лице.

VerbaSeal HSM

  • По доставувањето на целосната документација во КИБС, барањето се одобрување и техничкиот контакт ќе добие електронска порака со издадениот сертификат на електронската адреса на технички контакт.
  • Сертификат треба да се инсталира на HSM уредот.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.