Промоција на услуга SignPlus

11.11.2017

Денес, во Стопанската комора на Република Македонија, пред повеќе претставници на финансискиот сектор, јавни претпријатија и телекомуникациски компании, давателот на доверливи услуги КИБС ја промовира својата нова услуга: SignPlus.

Примената на дигиталната технологија има фундаментално влијание врз сите аспекти на бизнисот и општеството. Но, дигитална трансформација не се дигиталните производи и услуги сами по себе, туку нивното инкорпорирање во процесите што ги овозможуваат, управуваат и испорачуваат тие производи и услуги.

Имајќи го предвид претходното создадовме платформа, како дел од облакот на КИБС, со цел да овозможиме лесно и интуитивно дигитално потпишување, ставање временски печатат, дистрибуирање и чување pdf документи.