Ново поглавје во дигитализацијата: OneID - прва македонска услуга за електронска идентификација

22.12.2021

Денес, КИБС во партнерство со Некстсенс, ја лансираше првата македонска услуга за електронска идентификација – OneID, изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со OneID во земјата се отвора ново поглавје во дигитализацијата на процесите за широка палета на услуги за граѓаните и правните лица.

Услугата OneID станува официјална шеми за електронска идентификација во Република Северна Македонија по издаденото решение на регулаторот Министерството за информатичко општество и администрација, со што се создадени услови за нејзина масовна примена.

Повеќе информации за услугата се достапни на https://www.oneid.mk/