Повторно намалување на рокот на важност на TLS / SSL сертификатите

01.09.2020

Поради промените во безбедностните правила на Apple, Mozilla и Google, од 1 септември 2020 година, новоиздадените TLS / SSL сертификати со рок на важење поголем од 13 месеци (или 397 дена) согласно донесените правила се забранети и на истите нема да им се верува. Затоа, од 31 август 2020 година, издавачите на TLS/SSL сертификати ќе престанат да издаваат сертификати со јавно дадена доверба со важност од  2 години.

Сите TLS/SSL сертификати издадени до 31.08.2020 остануваат во важност до моментот на нивното истекување / повлекување.

Да потсетиме, ДДУ КИБС е овластен продавач на повеќе издавачи на SSL / TLS сертификати со јавно дадена доверба како DigiCert, GeoTrust, Thawte, GlobalSign, Sectigo.

За повеќе информации ве молиме контактирајте не на helpdesk@kibstrust.mk или посетете ја нашата веб страна.