Се намалува рокот на важење на SSL / TLS сертификатите

01.02.2018

Форумот за издавачи на сертификати и произведувачи на интернет прелистувачи, познат како CA/Browser Forum (CA/B форум), одлучува за безбедноста на интернет. Тој е доброволен конзорциум во кој членуваат издавачи на сертификати, како што се: Symantec, Digicert, Thawte, GeoTrust и други како и произведувачи на оперативни системи, како што се Apple, Mozilla, Microsoft и други.

Целта на CA/B форумот е да биде проактивен и да го задржи интернетот безбеден за корисниците и бизнисите низ целиот свет.

CA/B форумот го прифати изјаснувањето по предлогот број 193 а тоа влијае на сите издавачи на сертификати и оние кои управуваат со SSL/TLS сертификатите. Согласно усвоениот предлог се намалува должината на времето на важење на автентикацијата за SSL/TLS сертификатите, од 39 месеци (3 години и 2 месеци) на 27 месеци (2 години и 3 месеци или 825 дена). Предмет на овие измени се и сертификатите кои доспеаваат за обнова или оние кои од било која причина треба да бидат заменети.

Од 1 март 2018 година, максималниот рок на важење на SSL / TLS сертификатот ќе биде 27 месеци (825 дена). Нема да има повеќе тригодишна опција за набавка на сертификати. По наведениот датум не може да се издаде сертификат со важност подолга од 27 месеци.