Верба Про2
  • Цени на сертификати

  • Ценовник за Персонални сертификати
  • Ценовник за SSL сертификати
  • Ценовник на Сертификати за сервиси
  • Ценовник на дополнителни услуги
  • Начин на плаќање
  • Регистрациона канцеларија
  • Локални регистрациони канцеларии
  • Застапници

  • КИБС-ИС » Сертификати » Персонални сертификати » Верба Про2

    Сертификатот Верба® Про2 е наменет за лично користење за професионални цели за Ваша доверлива и безбедна комуникација со Вашите деловни партнери и/или комуникација во рамките на Вашата фирма, за безбеден пристап до апликации на Интернет каде се бара клиентски електронски сертификат, како на пример електронско банкарство, електронска трговија или електронска администрација.

    Парот на клучеви се генерира и сертификатот се сместува на безбедно средство за електронско потпишување (БСЕП) – PKI токен или паметна картичка.
    Кои PKI токени и паметни картички се поддржани од страна на КИБС ИС погледајте тука.

    Ви нудиме
    интернационално прифатен сертификат потпишан од страна на VeriSign,
    генерирање на парот клучеви и сместување на сертификатот на БСЕП,
    сертификат со важност од 1 до 3 години,
    еднократно обновување на сертификатот,
    осигурување во противвредност на 100.000,00 евра, ако ние сме одговорни за Вашата штета,
    бесплатна замена на сертификатот во рок од 5 денa,
    бесплатно поништување на сертификатот,
    Проверуваме
    Ваш идентитет со Ваше лично присутво во регистрационата канцеларија
    постоење на Вашата организација и овластување од лицето кое правно ја застапува.
    Потребни документи
    формулар за регистрација,
    согласност за зачувување на копија од документ за идентификација на носителот на сертификатот,
    претплатнички договор,
    документ за лична идентификација на носителот на сертификатот (лична карта или пасош)
    тековна состојба на субјектот - оригинал или копија заверан кај нотар или копија заверена со своерачен потпис од лицето чиј потпис е депониран во Централниот регистар на Република Македонија.
    Колку чини?
    нов сертификат заедно со БСЕП чини од 3.020,00 денари *.
    за дополнителни информации погледнете го ценовникот
    * ДДВ е вклучен во цената

    Нов
    Најди
    Поништи
    Обнови
    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2010 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.