Верба K2

КИБС-ИС » Сертификати » Персонални сертификати » Верба К2

Квалификуваниот сертификатот Верба® К2 е наменет за лично користење за приватни цели за Ваша доверлива и за Ваша доверлива и безбедна комуникација со или за безбеден пристап до сервиси и апликации на интернет каде се бара дигитална идентификација со користење на електронски сертификат, како на пример електронско банкарство, електронска трговија или електронска администрација.

Парот на клучеви се генерира и сертификатот се сместува на безбедно средство за електронско потпишување (БСЕП) – PKI токен или паметна картичка.
Koи PKI токени и паметни картички се поддржани од страна на КИБС ИС погледајте тука.

Ви нудиме:
интернационално прифатен сертификат потпишан од страна на VeriSign,
генерирање на парот клучеви и сместување на сертификатот на БСЕП,
сертификат со важност од 1 до 3 години,
еднократно обновување на сертификатот,
осигурување во противвредност на 50.000,00 евра, ако ние сме одговорни за Вашата штета,
бесплатна замена на сертификатот во рок од 5 денa,
бесплатно неограничено поништување на сертификатот,
Проверуваме
Вашиот идентитет со Ваше лично присутво во регистрационата канцеларија.
Потребни документи
формулар за регистрација,
согласност за зачувување на копија од документ за идентификација на носителот на сертификатот,
претплатнички договор,
документ за лична идентификација на носителот на сертификатот (оригинал лична карта или пасош и копија)
Колку чини?
нов сертификат заедно со БСЕП чини од 2.440,00 денари *.
за дополнителни информации погледнете го ценовникот
* ДДВ е вклучен во цената